ВИДЕО: Без возачка дивееше со мотор на едно тркало на „Партизанска“, снимката за ТикТок му донесе две кривични
Министерството за внатрешни работи го пронајде и му поднесе две кривични пријави на скопјанецот кој со мотор дивееше на булеварот „Партизански Одреди“ кај Универзална сала. По објавените снимки како управува со моторот на едно тркало и се исмева со системот „Безбеден град“, сега скопјанецот ќе одговара кривично. -Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на…

































