„Бикини Мун“ и „Кајмак“ на Манчевски вечерва и утревечер на Скопско лето
Објавено на:
„Бикини Мун“ и „Кајмак“ на Манчевски вечерва и утревечер на Скопско лето
Филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан вечерва(вторник) во 20.15 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Филмот ја имаше премиерата во 2018 година. Сценариото е на Манчевски, заедно со В.П. Розентал, а главните улоги ги толкуваат: Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц. Во центар за престој за бездомници во Њујорк, документарна екипа ја наоѓа Бикини Мун Дејвис, барајќи помош и место за престој. Со широки, живи очи…