Скопјанец осомничен дека со повеќе од 30 убоди го убил својот татко, Обвинителството отвори истрага
Објавено на:
Скопјанец осомничен дека со повеќе од 30 убоди го убил својот татко, Обвинителството отвори истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и…