Началникот на германската армија во посета на АРМ
Објавено на:
Началникот на германската армија во посета на АРМ
Висока делегација на Вооружените сили на Германија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Карстен Бројер, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на македонската Армија. Генерал Бројер утре изутрина, по пречекот со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, ќе има средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, по што ќе се сретне и со министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во рамките на посетата, генералот…