Хрватски град забрани ноќна продажба на алкохол
Објавено на:
Хрватски град забрани ноќна продажба на алкохол
Макарска ја забрани продажбата на алкохолни пијалаци во трговските објекти во ноќните часови, со што стана прв град во Хрватска што воведува ваква мерка, јави хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Забраната ќе важи на територијата на целиот град од 21 часот навечер до 6 часот наутро и се однесува на сите продавници и други трговски објекти, меѓу кои и пекарници и продавници за тутун. Работното време на трговските објекти останува непроменето, а ограничувањето не се однесува на рестораните.…