ТРГОВЦИТЕ НА ГОЛЕМО ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР ЗА 10%, А НА МАЛО ЗА 15%, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА
Оваа сторија ја покриваат 4 извори:
ТРГОВЦИТЕ НА ГОЛЕМО ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР ЗА 10%, А НА МАЛО ЗА 15%, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА
Трговците на големо треба да ги намалат најмалку за 10 отсто цените на училишниот прибор, а трговците на мало за […] The post ТРГОВЦИТЕ НА ГОЛЕМО ТРЕБА ДА ГИ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА УЧИЛИШНИОТ ПРИБОР ЗА 10%, А НА МАЛО ЗА 15%, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА appeared first on Сакам Да Кажам .
(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава“, кажа Бојан Стојаноски, пратеник на […] Текстот (Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала,…
Стојаноски: Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки за поддршка на граѓаните и семејниот буџет, а со почетокот на новата учебна година се намалуваат цените на училишниот прибор, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Мерката ќе важи заклучно со 30 септември годинава, при што трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека трговците на мало треба да обезбедат намалување од најмалку 15 отсто. Тој посочи дека мерката опфаќа…
СТОЈАНОСКИ: До 30 септември поевтини ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици за учениците и олеснување за родителите и семејниот буџет
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки за поддршка на граѓаните и семејниот буџет, а со почетокот на новата учебна година се намалуваат цените на училишниот прибор, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Мерката ќе важи заклучно со 30 септември годинава, при што трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека трговците на мало треба да обезбедат намалување од најмалку 15 отсто. Тој посочи дека мерката опфаќа…