„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
Објавено на:
„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
Од 1 септември тргнува „градскиот воз“. Од Зелениково до Централната железничка станица во Скопје возовите ќе сообраќаат осум пати дневно во двата правци, а ќе се патува околу 25 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а последниот ќе пристигнува на железничката во Скопје во 22:19 часот. На патот кон Скопје, возот ќе застанува на станиците Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратен правец, првиот воз од Скопје ќе тргнува во 5:32 часот, а последниот воз ќе…