КОСТОВСКИ ИМ ОДГОВОРИ НА ДУИ И ЧАИРЧАНИ ЗА УПИСИТЕ ВО ОУ „ПЕНКО“: Нема ваши и наши деца, законот мора да се почитува!
Објавено на:
КОСТОВСКИ ИМ ОДГОВОРИ НА ДУИ И ЧАИРЧАНИ ЗА УПИСИТЕ ВО ОУ „ПЕНКО“: Нема ваши и наши деца, законот мора да се почитува!
Веќе неколку денови во јавноста се крева прашина околу уписите на првачињата кои според новиот закон, мора да бидат запишани во реонот каде што припаѓаат. Проблем се создаде во Чаир, поточно во Општина Бутел, каде во ОУ Петар Здравковски Пенко, училиште кое се наоѓа на само една улица од Чаир а територијално припаѓа во општина Бутел и каде досега се запишуваа ученици од Чаир. Годинава тоа не може да се направи заради новиот закон согласно кој, учениците од Чаир мора да учат во реонско училиште…