Густ црн чад се издига над Водно, запален двокатен автобус на ЈСП
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
Густ црн чад се издига над Водно, запален двокатен автобус на ЈСП
Густ црн чад се издига над Водно, откако на видиковецот избувнал пожар во двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека скопските пожарникари се на терен и работат на гаснење на пожарот. Според првичните информации, се очекува огнот набргу да биде ставен под целосна контрола. Засега нема […] Текстот Густ црн чад се издига над Водно, запален двокатен автобус на ЈСП е превземен од МАКФАКС .
Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
Двокатен автобус се запалил на видиковецот на Водно. Информацијата ја потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Нема информации за евентуално повредени лица. - Според податоците кои ги имам во моментов, на видиковецот на Водно има запален двокатен автобус на ЈСП, скопските пожарникари работат на негово гаснење, очекувам набргу да биде изгаснат, засега не постои опасност од ширење на огнот кон блиската вегетација, информираше Ангелов.