Со македонски фолклор и традиција заврши 17. издание на „Карпошово културно лето“
Објавено на:
Со македонски фолклор и традиција заврши 17. издание на „Карпошово културно лето“
Во дворот на црквата „Св.Троица“во населбата Бардовци, во знакот на македонскиот фолклор и традиција, беше одбележана последната вечер од Карпошово културно лето. На самиот почеток, на сцената блеснаа енергичните играорци од фолклорниот ансамбл „Етнос“, со добропознатите народни танци и ора. На сцената доминираа автентичните колоритни македонски носии и звукот на традиционалниот народен мелос. Настанот го крунисаа ѕвездите на вечерта, Зуица Лазова, Миле Кузмановски и Душко Георгиевски, кои со…