ОГРОМНИ КОЛОНИ ВОЗИЛА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА: За на граница се чека кај првата патарина кај Солун!
Објавено на:
ОГРОМНИ КОЛОНИ ВОЗИЛА ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА: За на граница се чека кај првата патарина кај Солун!
Сосема очекувано, денеска за излез од Грција владее тотален хаос. Македонци кои се враќаат од продолжениот викенд од Грција, пријавуваат огромни гужви за излез од земјата. - Ние бевме на одмор во Неи Пори, ја поминавме патарината во близина на Солун, и застанавме. Којзнае колку време ќе чекаме, редицата кон Евзони е огромна - вели читател на Фактор. Ништо подобро не е ниту на Дојран, каде за излез се чека повеќе од два часа.