Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
Објавено на:
Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши, бара СДСМ. Од опозициската партија тврдат дека премиерот ги штити министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за правата на заедниците по нивните јавни ставови за Ратко Младиќ. „Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка. Наместо…