Со 2,49 промили алкохол и нож сакал да изврши разбојништво во казино
Објавено на:
Со 2,49 промили алкохол и нож сакал да изврши разбојништво во казино
На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво“, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово. -Извршен е и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него е констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта, информира МВР. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.