Арсенал без столбoт во одбраната до ноември
Објавено на:
Арсенал без столбoт во одбраната до ноември
Вилијам Салиба, ќе мора да паузира подолг период поради проблемите со грбот. Францускиот дефанзивец на Арсенал се повреди во полуфиналниот дуел против Шпанија и мораше да го напушти теренот уште во 30. минута. Според информациите на францускиот весник „Л’Екип“, Салиба ќе биде подложен на операција на грбот, по што го очекува пауза од четири до пет месеци. Тоа значи дека неговото враќање на терените најрано се очекува во втората половина на ноември.