Поради работа на водоводната мрежа прекин во снабдувањето за две улици во Гази Баба
Објавено на:
Поради работа на водоводната мрежа прекин во снабдувањето за две улици во Гази Баба
Од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм, на улица „Сречко Пужалка“ 60 А со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улиците „Сречко Пужалка“ и „Товарник“ во општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.