Кривична за вработена во Министерството за здравство за несовесно вршење на службата при надзор над медицински канабис
Објавено на:
Кривична за вработена во Министерството за здравство за несовесно вршење на службата при надзор над медицински канабис
НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, несовесно постапувала при вршењето на…