Владата ја продолжи кризната состојба до 21 октомври, засега без мерки за цените на горивата
Објавено на:
Владата ја продолжи кризната состојба до 21 октомври, засега без мерки за цените на горивата
Владата на денешната седница донесе одлука продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Претходниот рок истекуваше на 20 јули, а во соопштението кое го достави до јавноста нема информација дали ќе има намалување на акцизата и на ДДВ-то на горивата. „Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 21 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување…