МИЦКОСКИ: Граѓаните да бидат спокојни, ќе имаме стабилна зима со доволно и редовно снабдување со енергенси и без ценовни шокови
Објавено на:
МИЦКОСКИ: Граѓаните да бидат спокојни, ќе имаме стабилна зима со доволно и редовно снабдување со енергенси и без ценовни шокови
Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе имаме стабилна зима, со стабилно снабдување на енергенси, без осцилации во цената или количината, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија, Мицкоски напомена дека Владата работи на тоа, од јануари цената на струјата да биде пониска или да продолжи евтината тарифа. И во однос на гасот, премиерот не очекува какви било шокови, иако смета дека е…