Нема ништо од почетокот на изградбата на мега паркот покрај кејот на реката Лепенец
Објавено на:
Нема ништо од почетокот на изградбата на мега паркот покрај кејот на реката Лепенец
Актуелниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма за минатогодишните локални избори на жителите на Oпштина Карпош, но и на Градот Скопје, им вети мега парк од околу 300.000 метри квадратни – со ботаничка градина и картинг-патека – долж реката Лепенец, што треба да ја смени мапата на Скопје, наменет за рекреација на граѓаните и семејствата. Рокот за започнување на изградбата е во првите шест месеци од неговиот мандат, но и по 10 месеци изградбата не е започната