Саша Везенков нема да се пресели во НБА лигата
Објавено на:
Саша Везенков нема да се пресели во НБА лигата
Саша Везенков ја одби понудата на Минесота Тимбервулвс за враќање во НБА лигата и одлучи да остане верен на Олимпијакос. Американските медиуми пренесуваат дека можеби немало формално испратена понуда, клубот покажал сериозен интерес и ја истражувал можноста за трансфер. Сепак, Везенков јасно ставил до знаење дека во моментов не е отворен за враќање во САД. По освојувањето на Евролигата и враќањето во Пиреја, бугарскиот кошаркар нема намера повторно да ја напушта Европа.