Се заканувал на татка си – уапсен маж (38) од гостиварско Неготино
Објавено на:
Се заканувал на татка си – уапсен маж (38) од гостиварско Неготино
Полициски службеници од Полициското одделение Галате вчера попладне уапсиле жител (38) на с. Неготино, Гостиварско поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Претходно во ПО Галате, неговиот татко (67), пријавил дека неговиот син му упатил сериозни закани. Уапсениот е задржан во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.