Немма “Случај Шавреска“. ПАЦИЕНТКАТА ОДБИЛА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, потврдено со нејзин потпис
Објавено на:
Немма “Случај Шавреска“. ПАЦИЕНТКАТА ОДБИЛА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, потврдено со нејзин потпис
Директорот на Општата болница во Охрид и доктор на Одделението за гинекологија и акушерство, д-р Горан Маркоски, ги отфрла наводите на медицинската сестра Љубица Шавреска за недоличен телефонски разговор во ноќта кога таа побарала лекарска помош. Маркоски тврди и дека на пациентката во два наврати ѝ била предложена хоспитализација, која таа ја одбила со своерачен потпис.