Баерн Минхен подготвува нов договор за Хари Кејн
Објавено на:
Баерн Минхен подготвува нов договор за Хари Кејн
Германскиот гигант Баерн Минхен е сè поблиску до договор со Хари Кејн за продолжување на соработката. Кејн со актуелниот договор е „врзан“ за Баерн до јули 2027 година, но клубот сака неговата иднина да биде решена што е можно поскоро. Желбата е новиот потпис да биде ставен за време на следната репрезентативна пауза. Кејн и неговиот тим во изминатиот период разгледувале и други опции. Една од нив била преселба во Ал-Хилал.