Инфлацијата ја намалува вредноста на заштедите - сè повеќе граѓани размислуваат за вложување преку инвестициони фондови
Објавено на:
Инфлацијата ја намалува вредноста на заштедите - сè повеќе граѓани размислуваат за вложување преку инвестициони фондови
Во време кога трошоците за живот растат побрзо од приносите на класичните депозити, сè повеќе граѓани почнуваат да се прашуваат дали штедењето во банка е доволно за да ја зачува вредноста на нивните пари. Финансиските аналитичари посочуваат дека депозитите и понатаму остануваат традиционална форма на чување средства, но предупредуваат дека ниските каматни стапки честопати не успеваат да ја надоместат инфлацијата. Тоа значи дека, иако номинално износот на штедната сметка останува речиси…