Општина Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор
Објавено на:
Општина Карпош: Нова технологија за поефикасен инспекциски надзор
Општина Карпош продолжува да ги унапредува своите капацитети преку воведување на современи технологии во секојдневното работење. Во таа насоја, четворица вработени во општинската администрација успешно ја завршија обуката за управување со беспилотни летала (дронови), при што се стекнаа со сертификати за управување со ВБЕ (воздухоплов без екипаж). Сертификати за управување со беспилотно летало добија Душко Андонов и Жарко Радически, општински градежни инспектори, Јованче Цветановски, вработен…