За еден месец 606 прекршоци со електрични тротинети, полицијата одзела 18
Објавено на:
За еден месец 606 прекршоци со електрични тротинети, полицијата одзела 18
Полицијата во август регистрирала 606 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети , во рамки на засилените контроли спроведени низ целата држава. При акциите биле одземени и 18 електрични тротинети на период од 30 дена , соопшти денес Министерството за внатрешни работи. Најчест прекршок било управувањето без рефлектирачки елек во ноќни услови, за што биле санкционирани 162 возачи . Уште 134 лица биле казнети поради некористење велосипедска или пешачка патека, а 59 возачи управувале без…