Јапонија постави нов рекорд, над 100.000 жители имаат 100 или повеќе години
Објавено на:
Јапонија постави нов рекорд, над 100.000 жители имаат 100 или повеќе години
Јапонија постави нов рекорд во долговечноста, откако бројот на жители на возраст од 100 или повеќе години за првпат надмина 100.000. Според податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална политика, заклучно со 1 септември во земјата имало 107.677 стогодишници , што е за 7.914 повеќе од минатата година. Ова е 56-та година по ред во која Јапонија бележи рекорден број жители постари од 100 години. Најголем дел од нив се жени. Од вкупниот број, 94.298 или 87,6 проценти се жени…