Порше ги продаде уделите во хрватската Римац, зделката вреди околу милијарда евра
Објавено на:
Порше ги продаде уделите во хрватската Римац, зделката вреди околу милијарда евра
Германскиот производител на спортски автомобили Порше ги продаде своите сопственички удели во хрватската автомобилска и технолошка групација Римац и во заедничката компанија Бугати Римац. Со ова Порше целосно се повлекува од сопственичката структура на компаниите поврзани со хрватскиот претприемач Мате Римац. Порше досега поседуваше 20,6 проценти од Римац Груп и 45 проценти од Бугати Римац. Двата удела ги презема меѓународен инвестициски конзорциум предводен од американскиот фонд ХОФ Капитал.…