Мицевски: Сопиште доби нова детска градинка, пешачка патека и модернизирани спортски игралишта за повеќе можности на децата и младите
Објавено на:
Мицевски: Сопиште доби нова детска градинка, пешачка патека и модернизирани спортски игралишта за повеќе можности на децата и младите
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски, денеска презентираше отчет за работата во првата година од мандатот, при што посочи дека во изминатиот период биле реализирани, започнати или обезбедени средства за повеќе проекти во општината. Мицевски истакна дека фокусот бил ставен на подобрување на инфраструктурата, создавање подобри услови за децата и младите, како и унапредување на комуналните и економските услови. „Довербата што ја добивме не ја сфативме како привилегија. Ја сфативме…