Тројца кривично пријавени за „тешка телесна повреда“
Објавено на:
Тројца кривично пријавени за „тешка телесна повреда“
ОВР Берово поднесе кривична пријава против М.М. (25), Б.М. (47) и А.М. (45), сите од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Според пријавата, на 30 август 2026 година на Градскиот плоштад во Берово, тројцата пријавени физички го нападнале А.М.Х., при што му нанеле тешки телесни повреди.