Ракометниот карван продолжува со Струга
Објавено на:
Ракометниот карван продолжува со Струга
Ракометната федерација на Македонија продолжува со проектот „Ракометен Караван“, а овојпат оваа ракометна приказна продолжува во Струга. Овојпат дел од истата ќе бидат, Марио Танкоски, Теодора Гулицоска и Гоце Ојлески, кои ќе го споделат своето искуство и љубовта кон ракометот со најмладите. Терминот е закажан за 25 септември 2026 (петок) 12:00 – 14:00 часот во с портската сала „Тими“ во Струга.