ПРОТЕСТИ ВО ХАГ И ПРИШТИНА ПО ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО ХАГ - демонстрантите фрлаа камења пред ЕУЛЕКС, и пред косовската влада
Објавено на:
ПРОТЕСТИ ВО ХАГ И ПРИШТИНА ПО ОДЛУКАТА НА СУДОТ ВО ХАГ - демонстрантите фрлаа камења пред ЕУЛЕКС, и пред косовската влада
Пресудата на Судот во Хаг за воени злосторства против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца некогашни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК), беше дочекана со несогласувања од бројните демонстранти кои се собраа во градот, но протести настанаа и во Приштина. На протестот на поддржувачите на ОВК на плоштадот Маливелд во Хаг, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која морала да употреби водени топови и бибер спреј, јавуваат холандските медиуми.…