Озонската обвивка се обновува по договорот за фреоните: зголеменото УВ-зрачење ги загрижува научниците
Објавено на:
Озонската обвивка се обновува по договорот за фреоните: зголеменото УВ-зрачење ги загрижува научниците
Дупката во озонската обвивка над Земјата во 2025 година беше една од најмалите во последните децении, соопшти денес Светската метеоролошка организација (СМО). Ова е втора година по ред во која и длабочината и големината на озонската дупка беа значително под просекот за периодот 1990–2010 година, се наведува во најновиот извештај на оваа агенција на ОН, објавен по повод Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка. Минатогодишната озонска дупка беше четврта или петта најмала откога првпат…