Македонија по поразот од Полска, ќе разигрува за 19.место на ЕП
Објавено на:
Македонија по поразот од Полска, ќе разигрува за 19.место на ЕП
Младинска ракометна репрезентација на Македонија денес го одигра претпоследниот натпревар на ЕП во Романија, каде забележа пораз од селекцијата на Полска по изведување пенали, откако во регуларното време мечот заврши со конечни 28-28. Најдобар поединец во победничкиот состав беше Јакуб Тжасковски со шест голови, а во редовите на нашата репрезентација, ист учинок имаше Христијан Гурмешевиќ, додека Марин Крстевски беше најефикасен на натпреварот со седум гола.