Тешко повреден ученик во Ѓорче Петров – го претепале врсници
Објавено на:
Тешко повреден ученик во Ѓорче Петров – го претепале врсници
Синоќа во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР Скопје.