КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Захариј, таткото на Св. Јован Крстител
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. пророк Захариј, таткото на Св. Јован Крстител
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември. Денеска е Св. пророк Захариј. Свети пророк Захариј е таткото на свети Јован Крстител. Потекнуваше од свештеничкото Ароново племе. Син му Јован му беше даден кога тој и жена му Елисавета беа во поодминати години, како дете на верата, т.е. заради нивниот свет живот и цврстата вера во Бога. Животот го заврши маченички, беше погубен од Иродовите војници покрај олтарот. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван Макиас. Бил…
ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ПРОРОК ЗАХАРИЈ И СВЕТА ПРАВЕДНА ЕЛИСАВЕТА: Таткото и мајката на светиот Јован Претеча (Крстител)
Денеска е 5 септември, според стар стил и се слави Св. пророк Захариј и праведна Елисавета, родителите на светиот Јован Претеча (Крстител). Захариј беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење во храмот ерусалимски. Жена му беше Елисавета, ќерка на Совија, сестрата на света Ана, мајката на Пресвета Богородица. Во времето на царот Ирод детеубиецот, еден ден кога Захариј служеше според својата чреда во ерусалимскиот храм, во олтарот му се јави Ангел Божји, од…