„Државни патишта“ му должи на Министерството за финансии над 200 милиони евра, последниот заем е со „екстра поволни“ услови
Објавено на:
„Државни патишта“ му должи на Министерството за финансии над 200 милиони евра, последниот заем е со „екстра поволни“ услови
Јавното претпријатие „Државни патишта“ му должи преку 220 милиони евра на Министерството за финансии. Станува збор за долг евидентиран пред почетокот на оваа година во извештајот на независниот ревизор. Долгот за една година се зголемил од 10 на 13,8 милијарди денари. Во текот на минатата година Министерството за финансии прво му префрлило на ЈПДП од буџетот 26,5 милиони евра со грејс период до 1 јануари 2027 и обврска за враќање на 24 месечни рати.. Потоа во текот на истата 2025…