Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
Објавено на:
Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
Големото невреме кое синоќа ја погоди Битола го парализираше градот. Силниот ветар и дождот кој паѓаше околу еден час направија вистински пустош и хаос во одредени делови на градот. Улиците наликуваа на вистински езера, реки од вода течеа насекаде, имаше паднати дрвја, затната канализација, ѓубре, кал и камења насекаде. Се оштетија и улиците кои веќе подолг период се во фаза на реконструкција, силната вода го однесе тампонот и градежниот материјал. Се поплавија подрумите на голем куќи, како и…