„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
Објавено на:
„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
„Skopje Pride“ утре напладне ќе одржи симболичен протест пред Амбасадата на Турција во Скопје, во знак на поддршка на ЛГБТИК+ заедницата во Турција. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат на собирот и да изразат солидарност со ЛГБТИК+ активистите, по неодамнешните полициски акции и приведувања во Турција. Турските власти соопштија дека истрагите опфаќаат повеќе лица, здруженија и компании, додека ЛГБТИК+ организациите предупредуваат на засилен притисок врз заедницата.