Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
Објавено на:
Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
Поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами кој речиси две години беше во бегство, денеска седна во обвинителната клупа на скопскиот Кривичен суд. Беше донесен со лисици на рацете од затворот во Шутка откако пред една недела сам се пријави на граничниот премин Блаце. По влегувањето во судницата, тој се поздрави со Артан Груби со кој ја делат првата клупа во големата судница на Кривичен. Заради доаѓањето на Бајрами, обвинителството повторно го презентираше обвинението за…