Арина Сабаленка казнета со 7.500 долари
Објавено на:
Арина Сабаленка казнета со 7.500 долари
Арина Сабаленка е казнета со 7.500 долари поради кршење рекет во финалето на УС Опен, во кое загуби од Елена Рибакина со 6-4, 5-7, 6-2 и остана без можност третпат по ред да ја освои титулата во Њујорк. Белорусинката во текот на мечот во повеќе наврати не успеваше да ја сокрие фрустрацијата. Во првиот сет, по загубен сервис-гем, таа силно удри топче кон трибините и доби предупредување за злоупотреба на топчето. Подоцна уште едно топче испрати кон задниот дел од теренот, во близина на снимател.…