Лишени од слобода крадци во Куманово, следува пријава
Објавено на:
Лишени од слобода крадци во Куманово, следува пријава
На 18.09.2026 во 21:35 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал ги лишија од слобода С.С. (39) и Е.Ш. (26), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 04.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и одзеле пари. С.С. и Е.Ш. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.