29 мостови, 34 километри пруга и нова динамика: Продолжува изградбата на Коридор 8
Објавено на:
29 мостови, 34 километри пруга и нова динамика: Продолжува изградбата на Коридор 8
Интензивирани се градежни активности на железничкиот Коридор 8 во делот помеѓу Бељаковце (Куманово) до Крива Паланка. Ја градиме Македонија - објави на „Фејсбук“ вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. И директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски, на својот фејсбук-профил напиша дека има засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. - Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментот засилено се…