КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченик Созонт
Објавено на:
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченик Созонт
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 септември. Денеска е Св. маченик Созонт. Созонт беше родум од Ликаонија. Беше овчар, а во верата искрен и длабок. Во неговото време во градот Помпеопол започна жесток прогон на христијаните, под надзор на киликискиот хегемон Максимијан. Во истото време Созонт појде во Помпеопол, влезе во еден незнабожечки храм каде што се наоѓаше еден златен идол, му ја откина раката и златните парчиња им ги раздаде на сиромасите. Во градот настана…