Пожар во кинеска фабрика, осум загинати
Објавено на:
Пожар во кинеска фабрика, осум загинати
Осум лица загинаа, а едно е повредено во пожар што синоќа избувна во фабрика за текстил во кинескиот град Фошан, во јужната провинција Гуангдунг, објави утринава државната новинска агенција „Синхуа“. Операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек, наведе „Синхуа“, без да соопшти детали за причините за пожарот, пренесува „Ројтерс“. Текстот Пожар во кинеска фабрика, осум загинати е превземен од МАКФАКС .