Дел од Гази Баба утре ќе остане без вода
Објавено на:
Дел од Гази Баба утре ќе остане без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 22.09.2026 година (вторник) поради промена на вентили од 2.5 цола во шахта на ул.„Јани Лукровски“ 14/1 во населба Автокоманда, дел од корисниците ќе останат без вода. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од висока и ниска зона на ул. „Јани Лукровски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот. Улицата се наоѓа во општина Гази Баба.