Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
Објавено на:
Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
Македонската кик-бокс репрезентација со три победи и три порази го заврши првиот натпреварувачки ден на Светското првенство што се одржува во Лидо ди Језоло, Италија. Одличен настап имаше Милан Нешевски, кој до победата стигна уште во првата рунда, откако борбата беше прекината. Успешен беше и Глигор Николов, кој прикажа сигурна борба и славеше со убедливи 3:0. Победа за македонскиот тим забележа и Марко Баснарков, кој со сигурен настап го совлада својот противник и успешно го продолжи…