Кривична за штипјанец: На импровизирана тезга продавал пиротехника
Објавено на:
Кривична за штипјанец: На импровизирана тезга продавал пиротехника
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Н.(48) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 08.12.2025 на импровизирана тезга на Градскиот плоштад во Штип и во семејниот дом на пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиротехнички средства.