Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
Објавено на:
Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
Наместо евроинтеграциите да ги менуваат институциите, некои земји членки се обидуваат да го менуваат македонскиот идентитет, порача премиерот Христијан Мицкоски од самитот „Конкордија“ во Њујорк. Тој вели дека и покрај фрустрацијата од долгогодишните блокади, Македонија останува на европскиот пат, а од Брисел стигнуваат сигнали дека француско-германскиот предлог од самитот во Тиват би можел да стане официјална политика на ЕУ. Мицкоски зборуваше и за продлабочувањето на стратешкото партнерство…