Франција и Германија се пласираа на ЕП за одбојкари
Објавено на:
Франција и Германија се пласираа на ЕП за одбојкари
Одбојкарската репрезентација на Франција обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции на Европското првенство, откако убедливо ја совлада Романија со 3-0 во четвртфиналниот натпревар во Софија. Французите уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз мечот и не ѝ дозволија на Романија да се надева на изненадување. Првиот сет го добија со 25-16, а во продолжението беа уште посигурни - 25-19 и 25-18 за конечни 3-0. Најефикасен во победничкиот состав беше Тео Фор со 19 освоени поени, додека…